ТИРЗ Тетово

За ТИРЗ Тетово

ТИРЗ Тетово е со вкупна површина од 94,74 хектари. ТИРЗ Тетово се наоѓа на исклучително атрактивна локација, на автопатот Е-65, 3 km источно од градот Тетово. Оддалеченоста на ТИРЗ Тетово од градот Скопје изнесува само 35 km. На 4 km оддалеченост се наоѓа железничката станица Тетово. За потребите на поморскиот сообраќај во ТИРЗ Тетово постојат две алтернативи со приближно еднакви растојанија и тоа солунското пристаниште на оддалеченост од 287 km и пристаништето во Драч на оддалеченост од 293 km. Во тек е процесот за склучување на Договор за јавно-приватно партнерство помеѓу Дирекцијата за ТИРЗ и приватна компанија која ќе врши работи на Основач на Зона, односно изградба, развој и менаџирање на Зоната.

 

Доколку сакате да ја погледнете 3Д анимацијата на ТИРЗ Тетово кликнете тука