ТИРЗ Штип
За ТИРЗ Штип
За ТИРЗ СКопје 1ТИРЗ Штип е со вкупна површина од 208 хектари. ТИРЗ Штип се наоѓа северо-западно од градот Штип, на влезот од градот од правец на Скопје, веднаш до индустриската зона на Штип. ТИРЗ Штип има патна поврзаност со Скопје и Кочани преку магистралниот пат М5, а Зоната ќе биде поврзана и со планираниот карго аеродром во Штип преку магистралниот пат М6. На 2,5 km оддалеченост се наоѓа железничката станица Штип, а најблискиот меѓународен аеродром е Александар Велики во Скопје, 75 km од локацијата. Најблиското пристаниште е солунското на оддалеченост од 225 km.
Општина Штип
брои околу 50.000 жители и претставува најголем центар на текстилната
индустрија во регионот.
Во 2007-та година во Штип е отворен Универзитетот Гоце
Делчев кој во својот состав има 13 факултети и едно Вишо медицинско училиште.
Универзитетот има околу 5.000 запишани студенти.

ДТИРЗ RSS вести