Тарифник на ДТИРЗ
Службен весник на РМ, бр.61 од 29.4.2011 година
Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
Врз основа на член 12 став 2 точка 13 од Законот за технолошки индустриски развојни зони ("Службен Весник на Република Македонија " бр. 14/07, 103/08, 130/08, 139/09 и 156/10), Управниот одбор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони на својата осма редовна седница одржана на 25.3.2011 година , донесе
ТАРИФНИК ЗА НАДОМЕСТОЦИ ЗА ИЗВРШЕНИ УСЛУГИ НА КОРИСНИК НА ТЕХНОЛОШКА ИНДУСТРИСКА РАЗВОЈНА ЗОНА
I
Надоместоци за извршени услуги на корисник на технолошка индустриска развојна зона:
Опис на услуга Цена во МКД
1. Годишен паушал за вршење на дејност за вкупната површина под закуп 3,10 МКД / m2
2. Поединечни услуги
2.1 Барање Согласност за вршење дејност во ТИРЗ и склучување на договор за закуп и
подзакуп меѓу Основачот и Корисникот 31.000,00 МКД
2.2 Барање за издавање Решение за отпочнување со работа на Корисник 31.000,00 МКД
2.3 Жалба по Решение за престанок со работа на Корисник 31.000,00 МКД
2.4 Барање за даночно ослободување 31.000,00 МКД
2.5 Обработка на податоци по број на изготвени Записи
за влез и излез во и од ТИРЗ 500,00 МКД /запис
II
1. Наплатата на годишниот паушал од Дел I точка 1 од овој тарифник се врши авансно за календарска година (01 Јануари – 31 Декември), најдоцна до 01 Февруари во тековната година на приходната сметка на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
2. Наплата на услугата од Дел I точка 2.1 од овој тарифник се врши авансно пред склучување на Договорот за закуп на земјиште во технолошка индустриска развојна зона. Уплатата на средствата се врши на приходната сметка на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
3. Пресметката и наплатата на услугата од Дел I точка 2.5 од овој тарифник се врши збирно за сите записи за влез и излез во и од ТИРЗ доставени од Основачот на ТИРЗ за предходниот календарски месец, во рок од осум дена од денот на доставување на фактурата. Од наплатаата на услугата од Дел I точка 2.5 од овој тарифник се ослободуваат Записите за влез/излез во и од ТИРЗ за Стока наменета за испитување, анализирање или тестирање согласно со член 196 точка 8 од Царинскиот закон.
4. Овој тарифник се применува и за Оснивач на зона, кага тој се јавува и во својство на Корисник во истата зона.
5. Со денот на отпочнување на примена на овој тарифник престанува да важи Тарифникот за надоместоци за извршени услуги на Корисник на техолошка индустриска развојна зона ("Службен Весник на Решублика Македонија" бр.108/2010).
III
Овој тарифник влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува по добивањето на согласност од Владата на Република Македонија.
Бр.02-263/3 Дирекција за ТИРЗ
25 Март 2011 година Потпретседател на УО
Скопје Ејуп Љатифи, с.р.

ДТИРЗ RSS вести