Тарифник на Оснивач на ТИР3
Службен весник на РМ, бр.42 од 28.03.2012 година
ДИРЕКЦИЈА ЗА ТЕХНОЛОШКИ ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ
Врз
основа на член
12 став 4 алинеа 6 од
Законот за технолошки индустриски развојни зони (“Службен весник на Република
Македонија” бр. 14/07,
103/08, 130/08, 139/09 и 156/10),
Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во име
на Владата на Република Македонија како основач на Технолошката индустриска
развојна зона “Скопје
1“, на ден 20.02.2012 година го донесе следниот
ТАРИФНИК НА ОСНОВАЧОТ НА ТИРЗ “Скопје 1“
на надоместоци за извршени услуги кон Корисниците на ТИРЗ “Скопје 1“
I
Опис на услуга Цена во МКД
1. Месечен паушал за одржување на инфраструктурата во ТИРЗ “Скопје 1” 6,20 МКД/m2
- одржување на јавните површини и инфраструктурата во составот на Јавните
површини, а во границите на зоната;
- одржување на уличното осветлување на јавните површини во зоната;
- физичко обезбедување на оградата и територијата на зоната;
- 24-часовна контрола на главниот влез на зоната и обезбедување на услови
за работење на Царинските и даночните служби;
- надзор над споведувањето на мерките за противпожарна заштита
2. Запис за влез/излез и паркинг тарифа за користење терминал при обавување
на увоз, извоз, реекспорт и евиденција за влез и излез на стоки во ТИРЗ согласно
Правилникот на Царинската управа за задолжителна евиденција.
Наплатата се врши по број на изготвени Записи за влез/излез во и од ТИРЗ “Скопје 1”
- важи за сите видови возила
- од оваа тарифа се изземаат возилата кои корисниците во зоната ги користат во
секојдневните редовни активности т.е. за истите е издадена Идентификациона
картичка за Влез во ТИРЗ “Скопје1” од страна на ДТИРЗ 700.000 по запис
3. Мерење на вага на возило 500,00 МКД
4. Надоместоци за издавање на документи за влез и движење во ТИРЗ “Скопје1”
4.1. Идентификациона картичка за вработено лице кај корисник 350,00 МКД год.
4.2. Идентификациона привремена картичка за посетител 350,00 МКД год.
4.3. Идентификациона картичка за посетител кај корисник (еднократнo) бесплатно
4.4. Идентификациона картичка за возило на корисник 1.000,00 МКД год.
4.5. Идентификациона картица за возило на вработено лице кај корисник 1.000,00 МКД год.
4.6. Идентификациона картица за возило на посетител кај корисник (еднократно) бесплатно
4.7. Идентификациона картица за возило за групен транспорт 1.000,00 МКД год.
5. Почетна месечна закупнина за 1м2 опремен деловен простор за вршење
царинско застапување и платен промет 2.000,00 МКД месечно
6. Почетна месечна закупнина за 1м2 деловен простор за вршење на
угостителска дејност 1.000,00 МКД месечно
7. Закупнина за 1м2 затворен магацински простор 200,00 МКД месечно
8. Закупнина за 1м2 отворен магацински простор 60,00 МКДмесечно
9. Поставување на контејнери за опслужување на Корисници до 15м2 8.500,00 МКД месечно
10. Поставување на контејнери за опслужување на Корисници до 30м2 12.500,00 МКД месечно
11. Поставување на инсталации во заштитен појас 150,00 МКД месечно
II
Надоместоците за услугите од Дел I од овој тарифник се наплатуваат во рок од осум дена од денот на доставување на фактурата на приходната сметка на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.Обврската за надоместоците од Дел I точки 1, 2, и 4 од овој тарифник, корисникот е обврзан да ја плаќа од денот на добивање на Решение за започнување со работа од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
III
Изготвувањето на Записот за влез/излез во и од ТИРЗ “Скопје 1“ од Дел I точка 2. на овој тарифник се врши по избор на корисникот и тоа: по превозно средство или по фактура за стока транспортирана со повеќе превозни средства со неограничен број на влез/излез на превозни средства во текот на денот најдоцна до 24 часот. Стока со вредност помала од 6.200,00 МКД е ослободена од плаќање на Записот за влез/излез во и од ТИРЗ “Скопје 1“ од Дел I точка 2. на овој тарифник.Стока наменета за испитување, анализирање или тестирање согласно со член 196 точка 8 од Царинскиот закон е ослободена од плаќање на Записот за влез/излез во и од ТИРЗ “Скопје 1“ од Дел I точка 2. на овој тарифник.
IV
Идентификациона картички од Дел I точка 4 од овој тарифник, се со важност од 2 (две) календарски години. Корисникот е обврзан за секоја промена на вработените и превозните средства за кои се издава идентификациона картичка да ја извести Дирекцијата за ТИРЗ поради поништување или издавање на нова идентификациона картичка.
Член 2
Овој тарифник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, истиот ќе се објави по добивањето на согласност од Владата на Република Македонија.
Дирекција за ТИРЗ
Член на Управен одбор
Дејан Николовски

ДТИРЗ RSS вести