Што кажаа за нас

„Владата на Република Македонија беше целосно посветена и јас би сакал да се заблагодарам на сите инволвирани за вложениот труд при реализацијата на овој проект. Не се сомневам дека нашето партнерство ќе вроди со одлични резултати како за Џонсон Контролс така и за Скопје.“

Џон Барт
Претседател и Генерален Извршен Директор
Џонсон Контролс

“Џонсон Мети ја одбра Република Македонија како дестинација за изградба на својата фабрика во конкуренција со 13 други земји меѓу кои и Чешка, Унгарија и Словачка, поради ефтината и квалитетна работна сила, поволностите што ги нуди Владата на Република Македонија во однос на цената на земјиштето и даночнитеослободувања, но пред се поради високо професионалниот и ефикасен пристап на Владата на Република Македонија.“

Колин Џефри
Директор, Стратешко планирање
Џонсон Мети

„Ние ја одбравме Република Македонија како дестинација за инвестирање, поради поволностите кои Владата на Република Македонија ги нуди за странските инвеститори, како и стратешката позиција и близината на Република Македонија со источните пазари и Русија, каде што планираме да ја извезуваме целата палета на производи.“

Андреа Витило
Сопственик
Витило Груп

"Веруваме дека со оваа фабрика ќе бидеме поконкурентни на пазарот, со оглед на тоа што ќе ги придобиеме европските клиенти. Одлична е локацијата, бидејќи сме блиску до аеродромот, можеме и лично да ги донесеме клиентите овде доколку сакаат да го видат и да го проверат нашето производство.“

Пер-Олоф Луф
Генерален Извршен Директор
Кемет Корпорејшн

"Меѓу шест земји од Југоисточна Европа и две од Африка, Македонија излезе како најдобра инвестициска дстинација благодарејќи на добрите економски политики на Владата што беше главната причина оваа наша инвестиција да се реализира токму во Македонија"

Владимир Теплик
Потпретседател-Одделение за кроење
Џонсон Контролс