Корисници

Протек Груп

Протек груп е најголема фармацевтска компанија во Русија со годишен обрт од 4 милијарди американски долари, активна во сите главни сегменти на фармацевтската индустрија како што се производство на лекови, продажба и дистрибуција на фармацевтски производи како и препарати за убавина и здрав живот.

Групата има преку 12 илјади вработени.

Протек груп е составена од вкупно 7 компании, а трите компании ЦВ Протек, Сотекс и Ригла се  носители во групата во своите сегменти од фармацевтската индустрија. ЦВ Протек е главен национален дистрибутер на лекови, препарати за убавина и здрав живот во Руската Федерација. Активна е од 1990-та година и ги снабдува со медикаменти сите 83 конституивни територии на Руската Федерација со вкупен складиштен простор од преку 170 илјади метри квадратни. Сотекс е водечката компанија во производствениот сегмент. Фабриката се наоѓа во регионот на Москва и претставува најсофистицираниот производител на медицински производи во Руската Федерација. Компанијата Ригла менаџира со ланец од вкупно 655 аптеки во 27 региони на Руската Федерација и Украина.

Протек груп ја регистрира компанијата Продис во Македонија и на парцела од 2,5 хектари во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 почна со изградба на нов производствен објект во две фази, со површина од 7.500 m². Инвестицијата е во вредност од над 5 милиони евра и истата етапно ќе креира над 130 нови вработувања.

Компанијата Продис ќе произведува хомеопатски лекови, органски и неоргански производи од житарки, органски и неоргански чаеви и витамини и минерали.