Порака на директорот
Почитувани Инвеститори,
Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони е основана од страна на Владата на Република Македонија врз основа на концептот за Слободни економски зони, широко распостранет во светот, со цел создавање на нејефикасна бизнис клима во Југоисточна Европа и пошироко.
Како резултат на поволностите кои се нудат на инвеститорите преку овој проект, Република Македонија е позната како “New Business Heaven of Europe”.
Покрај даночните и царинските ослободувања кои се вообичаени за Слободните економски зони во светот, Република Македонија оди чекор понапред и нуди дополнителни стимулации и поволности за развој на ТИРЗ.
Владата на Република Македонија дава посебни погодности за мултинационалните компании кои започнуваат нова инвестиција или пренесуваат дел од нивните деловни активности во Технолошко - индустриските развојни зони во Република Македонија, со партиципација во трошоците за градење во висина до 500.000 евра.
Технолошко-индустриските развојни зони се екстериторијални и во нив важат посебни царински, трговски и финансиски прописи.
При влез и излез на стоките во ТИРЗ се скратува потребната документација и останатите царински формалности кои во спротивно би одземале пари и време.
Се надеваме дека нашата веб презентација ќе Ви помогне да се запознаете со основните факти за нашите Технолошко-индустриски развојни зони и ќе Ви ги објасни предностите за отпочнување на бизнис токму во Зоните на Република Македонија.
Ви стоиме на располагање и се надеваме дека ќе ја донесете вистинската одлука и ќе станете Корисник на некоја од Технолошко - индустриските развојни зони на Република Македонија.
Со почит.
Виктор Мизо
Директор

ДТИРЗ RSS вести