Корисници
Џонсон Контролс
Џонсон Контролс е амириканска компанија која опслужува потрошувачи во повеќе од 150 земји во светот. Во фискалната 2010 година достигна глобална продажба од 34,3 милијарди американски долари. Седиштето на компанијата се неоаѓа во Милвоки, САД.
154,000 вработени на 1300 локации во светот креираат квалитетни производи, услуги и решенија да ја оптимизираат енергетската ефикасност на зградите, акумулатори за автомобилската индустрија за хибридни и електрични возила и ентериерни системи за автомобилите.
Во 2011 година, Џонсон Контролс го освои првото место на "Corporate Responsibility Magazine" во нивната годишна “100 Best Corporate Citizens” листа. Џонсон Контролс е бр. 76 на "U.S. Fortune 500" листата и бр. 267 на "Global Fortune 500" листата.
На 12 декември 2011 година, фабриката на Џонсон Контролс Македонија во
Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 започна со комерцијално
производство. Инвестицијата изнесува 40 милиони американски долари. Бројот на
вработени во моментот е околу 300 и се очекува да достигне 500 до 2013 година
Фабриката во ТИРЗ Скопје 1 произведува компоненти за инструмент-табли за
автомобилска индустрија.





ДТИРЗ RSS вести