Корисници
Самвардана Мадерсан Груп (СМГ)
Самвардана мадерсан груп (СМГ) е диверзифицирана групација која нуди интегрирани системски решенија за автомобилската индустрија кои вклучуваат дизајн, изработка на прототипови, обликување, монтирање и крајно производство на интегрирани модули. СМГ е брзо растечка глобална компанија со седиште во Индија и над 90 производствени капацитети поддржани од центри за дизајн и канцеларии за поддршка во повеќе од 21 земја. Групацијата има преку 40,000 вработени.
Компанијата Самвардана мадерсан Рефлектек (СМР), која е член на Самвардана мадерсан груп (СМГ), е еден од најголемите производители на надворешни ретровизори за патнички автомобили во светот. Компанијата произведува надворешни ретровизори, внатрешни ретровизори и системи за откривање на мртви точки за патнички возила за скоро сите производители на автомобили во Северна Америка, Европа, Азија и Австралија.
СМР оперира со 16 производствени погони во 12 земји на 4 континенти: Северна Америка, Европа, Азија и Австралија, со мрежа на производство, дизајн и маркетинг центри во САД, Мексико, Велика Британија, Шпанија, Франција, Унгарија, Германија, Индија, Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Австралија. Листата на клиенти на СМР ги вклучува: Audi, Aston Martin, BMW, Chrysler, Citroën, Fiat, Ford, GM, Honda, Hyundai, Land Rover, Nissan, Porsche, Toyota, Volkswagen, Volvo и многу други.
Индиската СМР отпочна два инвестициски проекти во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 на парцела со површина од 2,7 хектари и ќе создаде нови работни места за 140 македонски граѓани. Вкупната инвестиција изнесува 12 милиони евра. Еден од објектите е планиран за производство на лиени делови за ретровизори, а другиот за стакло за ретровизори наменети за автомобилската индустрија. Новите објекти треба да бидат во функција за една година. Целото производство е наменето за германските производители на автомобили кои ќе ги добиваат готовите ретровизори претходно монтирани во фабрика на групацијата во Унгарија.








ДТИРЗ RSS вести