Корисници
Џонсон Мети
Британската компанија Џонсон Мети е специјализирана хемиска компанија и светски лидер во технологија на современи материјали. Групата се фокусира на катализатори, скапоцени метали, фини хемикалии и технологија на процеси.
Основни активности на Џонсон Мети се производство на автокатализатори, дизел-катализатори за тешки возила и контролни системи за загадување, катализатори и компоненти за електрични ќелии, катализатори и технологии за хемиски процеси, фини хемикалии, хемиски катализатори и активни фармацевтски состојки како и маркетинг, преработка и производство на скапоцени метали.
Џонсон Мети има операции во преку 30 земји во светот и вработува 9,700 луѓе. Нивните производи се продаваат на широк опсег индустрии со напредна технологии во светот.
Џонсон Мети ја избра Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за катализатори во конкуренција на 13 земји, меѓу кои и Чешка, Унгарија и Словачка. Фабриката на Џонсон Мети во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицираната и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот.
Инвестицијата изнесува 55 милиони евра, а бројот на вработувања во моментот изнесува околу 300.





ДТИРЗ RSS вести