Историја на ДТИРЗ

Историја на ДТИРЗ

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони е основана од Владата на Република Македонија во Август 2000 година и официјално започнува со работа во Јануари 2002 година.Во текот на 2006 година, со натамошна имплементација на стратегијата за брз економски развој промовирана од страна на Владата на Република Македонија, влезот на странски инвестиции беше поставен како врвен приоритет на Владата, со што Технолошко - индустриските разбојни зони добија историска улога во забрзувањето на глобалниот економски прогрес на Република Македонија. На 5-ти октомври 2006 година, беше поставен камен темелник на новата фабрика на Џонсон Контролс, како прв корисник на Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Проектот беше комплетиран и пуштен во употреба при крајот на 2007 година.


За подетални информации, Ве молиме да ја разгледате нашата страница или да не контактирате.