ДТИРЗ денес
Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, во име на Владата на Република Македонија, управува со Технолошко-индустриските развојни зони во Република Македонија.Владата на Република Македонија има основано четири Технолошко-индустриски развојни зони: ТИРЗ Скопје 1, ТИРЗ Скопје 2, ТИРЗ Штип и ТИРЗ Тетово. Паралелно, Владата на Република Македонија работи на развојот на уште седум Технолошко-индустриски развојни зони на територијата на Република Македонија, со цел да се постигне рамномерен економски развој во целиот регион.
Во согласност со концептот и мисијата на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони се стремиме да прераснеме во меѓународен бизнис центар на Југоисточна Европа со понуда на инфраструктура од светска класа, поддржана со најквалитетни услуги и неспоредливи поволности во регионот и пошироко.
100% странска сопственост, 0% даноци и царина, без ограничувања од аспект на работната сила, ослободување од комунални такси, симболична цена за закуп на земјиште и директна државна помош во износ до 500.000 евра се само еден сегмент од понудениот пакет поволности со кој се истакнуваме како најконкурентна инвестициона дестинација во регионот и пошироко.Должност на Дирекцијата за ТИРЗ е да воспостави сервисен центар во секоја Технолошко-индустриска развојна зона, преку кој административните одделенија на Дирекцијата за ТИРЗ и испоставите на Царинската управа на Република Македонија пружаат административни консултации и услуги и ефикасно царинење за Корисниците кои оперираат во Зоните.Дирекцијата за ТИРЗ го превзема развојот на Зоните како своја горда мисија при што се раководи според потребите на инвеститорот и во пракса се стреми кон подигнување на квалитетот на услугите на највисоко ниво со цел да се осигура успехот на инвеститорот.
За подетални информации, Ве молиме да ја разгледате нашата страница или да не контактирате.

ДТИРЗ RSS вести